Се омажи Ерин Фостер: Дејвид Фостер ја испрати ќерка си до олтарот

3 јануари 2020

Ерин Фостер и нејзиниот сега сопруг, Симон Тикман ќе ја паметат новогодишната ноќ засекогаш. Тие одлучија својата свадбена церемонија и веселба да ја направат на 31. декември.

Музичарот и продуцент Дејвид Фостер ја испрати својата ќерка до олтарот, не криејќи пред сите дека е мошне горд на овој момент.

„Морав да се омажам за љубовта на мојот живот и се надевам дека никогаш повеќе во мојот живот нема да треба да го гледам распоредот на седење“, шеговито напиша Ерин на социјалните мрежи, споделувајќи фотографии од свадбата, на која беа испочитувани еверејските обичаи.

Инаку, таа носеше едноставна венчаница, што ја следи линијата на телото, а со впечатливи ракави кои беа од транспарентен материјал.

 

Објавено:
3 јануари 2020
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
444 пати