Се омажи комичарката Ејми Шумер

17 февруари 2018

Во кругот на пријателите и најблиските, комичарката Ејми Шумер (36) се омажи за партнерот, шеф Крис Фишер (38). Двојката беше во врска само неколку месеци, но изгледа тоа беше доволно за да одлучат да ја официјализираат врската.

Дел од атмосферата од интимната венчавка, актерката сподели на својот Инстаграм профил, оневозможувајќи им на медиумите да шпекулираат околу венчавката. 

Покрај фотографиите, таа на социјалните мрежи потенцираше дека не е бремена и дека тоа не е причината поради која се мажи.

Ејми за овој радосен ден одбра бохо венчален фустан. Креацијата е на препрамки, украсена со тантела во горниот дел, која продолжува и на здолништето, кое е широко и направено од тул. Довербата за венчаницата ѝ ја даде на познатата дизајнерка Моник Луилие. Фустанот чини 5.490 долари, а всушност тоа бил и првиот фустан што Ејми го пробала. 

„Го проба и не сакаше веќе ниту еден да облече. Рече, ајде да завршиме со ова. Сакаше удобност и леснотија во движењето, а овој фустан тоа и ѝ го овозможи“ вели дизајнерката за „Дејли Мејл“.

Девериците пак, беа облечени во пастелно розови креации. 

Меѓу гостите беа и Џенифер Лоренс (во креација на Лоренцо Серафини во која се појави во декември минатата година), Џенифер Анистон, Дејвид Спејд, Џејк Гиленхал и други...

Во продолжение погледнете ги споделените фотографии на актерката на Инстаграм. Во секоја од споделените објави има повеќе фотографии, па кликнете на стрелките за да ги видите сите:

 

 

@robandlindsayweddings

A post shared by @ amyschumer onFeb 15, 2018 at 10:53am PST

 

 

Yup

A post shared by @ amyschumer onFeb 15, 2018 at 8:53am PST

 

Објавено:
17 февруари 2018
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
966 пати