Се омажи Пени од „Big Bang Theory“

2 јули 2018

Актерката Кели Куоко (32), која публиката ја знае најмногу по улогата на Пени во серијата „Big Bang Theory“, викендов се омажи за партнерот Карл Кук (26), син на милијардерот Скот Кук, ко-сопственик на „Intuit“. 

Церемонијата се одржала во Сан Диего, а убавата вест ја сподели и преку социјалните мрежи. 

За венчалниот фустан довербата ѝ ја дала на дизајнерката Рим Акра. Нејзиниот избор е драматична волуменозно здолниште и корсет во горниот дел, сè изработено од тантела. Фустанот е збогатен и со плашт, исто така од тантела.

Во текот на вечерта, Кели го смени изгледот и фустанот го замени со комбинезон од тантела, овој пат креација на Тадаџи Шоџи. 

На церемонијата и забавата присуствуваа и дел од колегите од споменатата серија, кои исто така споделија фотографии на социјалните мрежи.

 

Инаку, актерката има еден брак зад себе. Во 2013 се омажи за тенисерот Рајан Свитинг, но за жал, бракот се распадна после само 21 месец, а разводот се случи во 2015. 

„Искрено, мислев дека никогаш повеќе нема да се омажам. Мојот поранешен сопруг ми го уништи значењето на зборот брак. Личноста со која бев во брак, не беше истата личност која ја запознав. А тоа не беше моја вина, негова беше. Знаев колку многу требав да дадам и колку многу сакав да ми се врати. Знаев дека морав да бидам трпелива... Морав да поминам низ многу нешта, но сето тоа ме доведе до Карл“, изјави актерката за „Космополитен“ во една пригода.

 

Карл и Кели се заедно од 2016 година, а пред седум месеци ја објавија својата свршувачка.

Во продолжение погледнете како изгледаше Куоко како невеста:

 

 

A post shared by #kaleyscrew (@kaley_cuoco_fan_) onJun 30, 2018 at 11:24pm PDT

 

A post shared by @wedstagrams onJul 1, 2018 at 4:24am PDT

 

 

 

 

 

 

A post shared by Ashley Jones (@ashleyaubra) onJul 1, 2018 at 8:51pm PDT

 

 

Објавено:
2 јули 2018
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
2.008 пати