Се ожени Лука од „2 Cellos“

11 јули 2017

Музичко дуо „2 Cellos“ на сите ни е добро познато, а имавме можност неколку пати да ги слушнеме и во Скопје.

Лука Шулиќ и Стјепан Хаусер успеаја да ја освојат публиката ширум светот со одличните преработки на познати хитови и да покажат дека и свирењето виолончело може да биде „кул“.

 

7.7.17 Mr & Mrs Šulić #family #love #wedding #happiestday.photos by @janasnuderl

A post shared by LUKA SULIC (@lukasulicworld) onJul 9, 2017 at 12:37pm PDT

Но, она за што последниве денови пишуваат балканските медиуми е свадбата на Лука Шулиќ.

фото: Instagram/lukasulicworld

Изминатиов викенд тој и неговата избраничка Тамара Загоранки одлучија да ја официјализираат својата љубов, а музичарот на својот Инстаграм профил објави фотографии што предизвикаа воодушевување, а имате можност да ги видите во рамки на текстов.

фото: Instagram/lukasulicworld

„7.7.17 Mr & Mrs Šulić“ стои кусо во описот на фотографиите.

фото: Instagram/lukasulicworld

фото: Instagram/lukasulicworld

Тамара и Лука се неколку години во врска, а пред две години за време на патување во Нов Зеланд музичарот ја побара за жена. Тие наскоро ќе станат родители и на своето прво дете.

фото: Instagram/lukasulicworld

фото: Instagram/lukasulicworld

Сепак, ова не е единствената вест околу која се крена прашина.

Имено, музичкото дуо одлучи да направи обработка на најголемиот хит сезонава „Деспасито“.

Веројатно на повеќето ви е преку глава од песнава, но со оглед на тоа дека нивната обработка за 24 часа успеа да собере повеќе од милион прегледи (a сега веќе има преку два) веројатно сепак ќе сакате да ја слушнете, а следи во продолжение:

Објавено:
11 јули 2017
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.367 пати