Се ожени стилистот Андреј Миске

12 август 2013

1146540_10201637702295047_453469222_n

Младиот стилист и рапер Андреј Миске, минатиот викенд ја овековечи својата љубов со 26-годишната штипјанка Наташа Пешова.

Најблиските роднини, пријатели и колеги на двојката се забавуваа во мотелот Идила во Пехчево. Младиот пејач Дарко Илиевски исто така беше еден од гостите и се погрижи атмосферата да стане уште повесела. Покрај младенците меѓу највеселите беа и стилистите Небојша Пешевски и Бојан Сејменовски.

Инаку веселите младенци Андреј и Наташа, по четиригодишна врска се верија во ноември месец минатата година и тоа на неговиот роденден.

Миске е како фризер и стилист досега соработувал со дел од најпознатите балкански ѕвезди, меѓу кои и Емина Јаховиќ, Петар Грашо, Северина, кралицата на ромската песна Есма, Каролина Гочева, манекенката Катарина Иваноска, Ноне Неделковска, Марко Слаткаристика... Иако минатата година најави дека се повлекува од домашната музичка сцена, сепак продолжи со продуцирање на песни за други изведувачи.

Во продолжение прогледнете дел од атмосферата од забавата, на еден од најубавите денови во нивните животи.

998637_10201637701135018_1663468199_n

1098374_10201637701615030_1909934055_n

Објавено:
12 август 2013
Категорија: 
Бела соба