Сè што треба да знаете ако правите свадба следната година....

13 октомври 2017

Во „Green Garden Mulino“ вчеравечер се одржа Pre-wedding коктел, наменет за идните младенци. Тие на едно место можеа да видат како нивната замисла би се реализирала, а ние имавме можност да прозборуваме со организаторите и дел од учесниците на овој настан од интимен карактер, каде ги опфативме темите за актуелните трендови, предностите и целите на настанот.

И покрај тоа што Скопје има веќе неколку свадбени манифестации, Кристина Георгиевска од „КЛС“, кои се и иницијатори на оваа дружба, посочи зошто се создала потреба од еден ваков, малку поинаков концепт.

-Нашата целна група се идни младенци, односно оние кои својата свадбена веселба ја планираат во текот на 2018 или 2019 година. Инаку, ние исто така ја водиме и страната „Wedding Planer Macedonia“, преку која на сите од странство што ќе посакаат да прават свадба тука, им е овозможена целосна организација. Присутните вечерва имаат можност да направат фотографии, да видат готов производ или да добијат совети за својата венчавка, односно да бидат сигурни дека тоа што го виделе вечерва, а сакаат да го имаат и на својата прослава, ќе го добијат. Тоа е главната замисла – ни изјави Георгиевска.

Таа додаде дека тоа што е интимна дружба, не е ни малку случајно.

-Не сакавме да биде настан од комерцијален тип, што ќе се најавува секаде, туку да биде настан наменет токму за оние што сакаат да нè слушнат – објаснува Кристина.

Инаку, „КЛС“ е фирма за организација на настани, која постои веќе 16 години.

-Не организираме само свадби, туку располагаме и со техничка опрема, со што одлучивме во нашата понуда да овозможиме и т.н. креативно осветлување за приватни прослави. Инаку, организираме и менаџираме настани, и од корпоративен карактер. Препознатливи сме по тоа што даваме еден комплетно нов видик како треба да изгледаат настаните во Македонија, тука пред сè мислиме на професионалниот начин – тајминг, сценарио... нешто што другите фирми не го практикуваат. Пред да организираме еден настан, правиме мапирање, односно клиентот точно знае што ќе добие, кои се неговите перформанси на настанот и што да очекува. Мотото ни е „Бидете гостин на сопствената прослава“, во смисла, дека ќе се потрудиме да ги избегнете сите стресови – потенцира Георгиевска.

За реализацијата на замислата помогнаа и „Green Garden Mulino“, кои се погрижија за коктелот и го ставија својот простор на располагање. Главниот менаџер и сопственик на ресторанот, Стеван Најдовски, посочи дека овој настан е добра презентација со дел од најпрофесионалните луѓе и фирми, вклучувајќи го и ресторанот кој постои веќе шест години и е препознатлив по добрата услуга. Тој посочи дека целата приказна што ја создале е за идните младенци да видат што сè можат да понудат во соработка со надворешните соработници и да одберат тоа што им се допаѓа.

Салата во ресторанот беше разубавена од „Casamento“ и тоа со декорации во различен стил.

- Има околу 30 маси уредени во различни стилови – витиџ, класичен... Употребени се различни бои, различни комбинации. Младенците најчесто бираат светли бои, пастелно розова, кајсија, крем, но ние уфрливме и црна во комбинаицја со друга боја, за да видат дека не е толку страшно. Сите имаат страв од црното, ги асоцира на нешто друго, но еве сакавме да покажеме дека може да изгледа елегантно и луксузно, впечатливо – посочи Снежана Крајц, сопственичката на „Casamento“.

Во текот на вечерта, присутните можеа да видат видео во реализација на „3D Baba studio“, а за атмосферата се погрижи ДЈ Славе.

Зоран Шурбевски пак, подели корисни совети околу шминката и негата, нешто што буди интерес кај секоја невеста.

-Одлучив да понудам совети  не само за самиот ден на свадбата, туку и за тоа како треба да го подготват лицето и косата пред свадба. Негата на кожата е најважна. Кога ќе кажеме невестински изглед, прва асоцијација е нешто нежно и природно. Колку поприродно да изгледаат, толку би било поубаво, со исклучоци. Постојат и невести што сакаат да изгледаат подраматично, во склад со фустанот, фризурата... – вели мејкап артистот.

На прашањето постојат ли трендови кога е невестинскиот изглед во прашање, ќе каже:

-Невестинскиот изглед е класика. Ако постои тренд во шминка, тоа важи за одредена сезона, но не и за невестите. Кога невестата за 10 години, би се видела со трендовска шминка, веројатно ние шминкерите би биле виновни за нејзиниот изглед. Невестинскиот изглед е посебна категорија – потенцира Шурбевски.

Во продолжение погледнете како изгледаше pre-wedding коктелот:

 

*спонзорирана објава

Објавено:
13 октомври 2017
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
2.807 пати