Сè за свадбата на Меси и Антонела...

3 јули 2017

Во светските медиуми една од главните вести изминатиов викенд беше свадбата на Меси и неговата љубов од детството Антонела Рокуцо.

фото извор: dailymail.co.uk

Аргентинците ја нарекуваат свадба на годината, а некои дури и на векот.

Познатиот фудбалер и неговата изабраничка, со која имаат и две деца, одбраа прославата да се случи  во хотелскиот комплекс „Росарио Сити Центар“ во родното Росарио на Меси.

фото извор: bbc.com

фото извор:.foottheball.com/

На прославата присуствуваа нешто повеќе од 260 гости, кои се фотографираа на црвен килим, поставен пред салата специјално за оваа пригода.

Како пренесоа странските медиуми, на менито била застапена традиционална аргетинска храна, но имало и посебен дел со суши специјалитети.

фото извор: thesun.co.uk/gettyimages

фото извор: Rosa Clara

Веначницата на невестата е од брендот „Роса Клара“, со кој соработувале и Ева Лонгорија и кралицата Летиција.

Меѓу гостите беа и познатите фудбалери Нејмар, Луис Суарез како и Пике, кој со приватен џет пристигна во друштво на сопругата Шакира.

 фото: Instagram

Голем број обожаватели на Меси стоеја пред хотелот и казиното, надевајќи се дека одблиску ќе го видат својот идол и неговата сопруга. Но, фудбалерот и за тоа најде решение.

Преку 450 лица го озбезбедуваа објектот, а на еден од надворешните ѕидови имаше и видео бим, со што обожавателите можа да следат дел од прославата.

фото извор:bbc.com

Освен гостите, на церемонијата присуствуваа и околу 160 фото-репортери.

Интересно е тоа што секој од гостите доби кутија со подароци, меѓу кои и виното што фудбалерот го произведува.

фото извор:thesun.co.uk/splashnews

Но, уште нешто го привлече вниманието на медиумите, а тоа е бакнежот на младенците по прогласувањето дека се маж и жена. Според многумина, тој бил малку необичен, па во дел од светските магазини осамнаа и натписи како „Меси е лош бакнувач“.

 

И покрај тоа што на гостите им беше забрането да влегуваат со мобилните телефони, освен фотографии, се појавија и видеа на кои фудбалерот танцува, а коментарите се дека и тоа не му оди баш од рака.

фото извор: dailymail.co.uk

Инаку, Антоанела е братучетка на неговиот најдобар другар. Двојката официјално објави дека е во врска во јануари 2009 година, а имаат и два сина – Тијаго (5) и Матео (2).

фото: Instagram

фото извор: dailymail.co.uk

фото извор:dailymail.co.uk

фото извор:dailymail.co.uk

фото извор:dailymail.co.uk

фото извор:dailymail.co.uk

фото извор:dailymail.co.uk

фото извор:themalaymailonline.com

фото извор:themalaymailonline.com/Reuters

фото извор:independent.ie/Reuters

фото извор:themalaymailonline.com/Reuters

фото извор:themalaymailonline.com/Reuters

фото извор:themalaymailonline.com/Reuters

фото извор:themalaymailonline.com/Reuters

фото извор: Instagram

фото извор: dailymail.co.uk

фото извор: thesun.co.uk/APP

фото извор: thesun.co.uk/APP

фото извор:thesun.co.uk/Reuters

фото извор:thesun.co.uk/gettyimages

фото извор: thesun.co.uk/APP

фото извор:thesun.co.uk/gettyimages

фото извор:thesun.co.uk/APP

фото извор:thesun.co.uk/SplashNews

фото извор:thesun.co.uk/SplashNews

фото извор: thesun.co.uk/gettyimages

 

Објавено:
3 јули 2017
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
2.637 пати