Седмиот „The Bridal Fashion Night“ закажан за 4. февруари

23 јануари 2019

Седмиот „The Bridal Fashion Night“ е закажан за 4 февруари, а традиционално ќе се одржува во хотелот „Мериот“ во Скопје.

Организаторите од Моден Викенд Скопје ги повикуваат идните невести да го посетат настанот на кој ќе бидат промовирани новите венчални колекции на неколку модни ателјеа.

„Венчавката претставува еден од најважните денови во животот на една жена. Откако кажавте
,,Да'' сосема сигурно е дека сте преокупирани со организацијата на вашата венчавка од соништата.
Бидејќи сме добро запознаени со овие околности, Моден Викенд Скопје во соработка со Скопје
Мериот хотел организираат The Bridal Fashion Night - настан каде ќе имате можност одблизу да се
запознаете со најновите креации на модните дизајнери на венчаници, целосната организација на
венчавки од страна на посветениот тим на Скопје Мериот, како и предностите и погодностите кои
тие ги нудат доколку ја организирате вашата венчавка во нивните простории кои наликуваат како да
се од бајките“, велат тие.

На вечерта посветена на венчаници, свечени тоалети и се она што е потребно за организирање на
свадбениот ден, ќе ги видиме и ревиите на најновите колекции на Анна Бора Ателјер,
Минна Фешн, Marie Antoinette, Матронс и JZJ by Zlatko Jovanovski - Couturier со Колекцијата "JZJ THE
GREAT". На наше задоволство специјален гостин на ревијата ќe биде поп ѕвездата FJOLLA MORINA.
Арт-студиото за цвеќе „Фа–Бу" годинава ќе претстави нова уникатна креација на "The Bridal Fashion
Night". „Фа–Бу" е специализирано арт-студио за изработка на несекојдневни фустани од свежо
цвеќе.

Манекенките ќе ги разубавува официјалниот партнер за фризура „Inebrya" во соработка со салонот
за убавина „Beauty bar", како и „Kryolan" - официјален партнер за шминка. Брендот за уникатен
италијански накит „Sigma Jewelry" ќе ги претстави новите трендови за претстојната сезона.

Објавено:
23 јануари 2019
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
610 пати