Сестрата на Сиена Милер основаше бренд за венчаници

5 мај 2017

Савана Милер, британска дизајнерка и сестра на познатата актерка Сиена Милер, лансираше свој бренд за венчаници.

Таа е препознатлива по својот боемски стил што несомнено се пресликува и кога е во прашање дизајнот на венчаници со нејзин потпис, а навистина се љубов на прв поглед.

Своето богато дизајнерско искуство, Савана го градеше во модни куќи како Александар Меквин и Метју Вилјамсон.

Еден период сестрите имаа и заеднички моден бренд Twenty8Twelve, што и двете го напуштија во 2012 година.

Нејзината актуелна колекција венчаници инстантно стана популарна благодарение на романтичните и бохо дизајни, надополнети со ситен вез, различни видови тантела, суптилни модни додатоци...

Објавено:
5 мај 2017
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
492 пати