Некои девојки сонуваат за магични фустани со многу тул и романтична тантела, а некои пак се задоволуваат со сосема едноставни, но на некој начин впечатливи венчаници со интересни додатоци.

Токму такви, супер нежни и винтиџ модели создаде сестрата на познатата актерка Сиена Милер, Савана која инаку е дизајнерка и има сопствен бренд за венчаници.

„Целата колекција беше инспирирана од еден нежен, романтичен, винтиџ изглед на Англија. Се сеќавам на едни прекрасни топли летни денови кога си игравме во полињата со пченки и сонувавме на село“, вели дизајнерката за магазинот Brides.

Нејзините венчаници се направени од исклучително квалитетни материјали како свила, нежен сатен, тантела и памук кај наметките и џемперите кои се совршен пар на фустаните.

Таа ќе каже дека иако нејзините венчаници навидум изгледаат едноставни, девојката која ќе ги одбере треба да биде исклучително самоуверена и сигурна.

За да ја промовира нејзината прва самостојна колекција за нејзиниот бренд Lovely Bride, таа направи магична фотосесија на село со прекрасна русокоса девојка која ја гледате во продолжение. 

Објавено:
24 јануари 2017
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
586 пати