Шапка - ваш личен печат на венчавката

17 јуни 2013

Интересен детаљ од сатајлингот е и шапката. Ако сакате да ја носите и на денот на венчавката, а не сте сигурни  баш како, тогаш сте на вистинското место да прочитате неколку совети. Кога ќе ја пробате шапката би било добро да сте облечени во венчаницата. Застанете пред огледало за да ја видите во целост вашата фигура и како заедно функционираат венчаницата и шапката.

Правилото гласи: што поедноставна венчаница, шапката може да биде необична и обратно. Ако фустанот има многу украси, тогаш украсот на главата треба да биде сведен на минимум. Најбитно е да направите добар баланс. Малите шапки одат со тесните венчаници, а ако сакате дополнителен волумен додајте мрежа или вел. Доколку не сте доволно високи, можете да си дозволите шапка која ќе ви даде дополнителна визуелна висина. Ако сте високи изберете чиста конструкција, а ако веќе сакате висока шапка, тогаш би било добро малку да го накривете на страна. Носењето шапка сигурно ќе ве направи маркантни и неконвенционални.

Објавено:
17 јуни 2013
Категорија: 
Бела соба