Сѐ на едно место за идните брачни парови – Pre-wedding коктел во „Green Garden-Mulino“

5 октомври 2017

Доколку претстојната 2018 година ја планирате вашата свадбена прослава, имаме одлични вести за вас: на 12-ти октомври со почеток во 20 часот во ексклузивниот ресторан „Green Garden – Mulino", ќе се одржи Pre-wedding коктел, каде ќе имате можност непосредно да се запознаете со најдобрите компании што ќе ја направат вашата свадбена свеченост волшебна.

На оваа коктел забава ќе бидат присутни професионални и докажани компании за декорација, осветлување, фотографија, како и мејкап артисти и Dj-и, кои ќе се погрижат на денот на вашата венчавка сѐ да биде совршено.

Салата ќе ја декорира познатата компанија „Casamento", а посебно впечатлив момент ќе биде 10-минутното „light show" на докажаните „КЛС" кои ќе ви овозможат да ја почувствувате моќта и магијата на професионалното осветлување.

Идните невести ќе имаат можност да добијат професионални совети од мејкап артистот Зоран Шурбевски, додека ,,Baba Production" ќе ве информираат за сè што е поврзано со фотографиите и видеата со кои ќе го овековечите најубавиот ден во вашиот живот.

Сите присутни на коктелот ќе ги забавува Dj Славе, човекот „виновен" за најдобрите забави во Скопје и низ Македонија.

Ова е одлична шанса која ви овозможува на едно место да се запознаете со сите сегменти во организацијата на една совршена свадбена свеченост!

Спонзорирана објава

 

Објавено:
5 октомври 2017
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.638 пати