Смел избор за летна венчавка: кратки венчаници

28 јули 2017

Ако вашата венчавка е закажана за време на летната сезона и ако сте невеста на која ѝ е близок неконвенционалниот стил, тогаш топло ви препорачуваме да одберете венчаница со кратка должина.

Доколку сакате да постигнете повпечатлив изглед, одберете кратка венчаница со деликатен крој или пак изработена од комбинација на впечатливи материјали. Во случај ако преферирате минимализам, тогаш силуетата нека биде во едноставни и чисти линии, а акцентот ставете го на накитот или другите модни додатоци како на пример масивен ѓердан или обетки.

Во овој избор ќе ги споменеме и венчаниците со асиметричен крој, како на пример оние што напред се кратки, додека задниот дел е со макси должина (такви свечени фустани што алтернативно може да се носат како венчаница, беа прикажани на ревијата за висока мода на Џамбатиста Вали) или пак транспарентните, повеќеслојни венчаници кај кои долниот дел е краток, додека горните, транспарентни слоеви се со различни должини (како што се фустаните во последната „haute couture" колекција на Диор).

Неколку инспиративни модели селектиравме во галеријата во продолжение.

Фото извор: harpersbazaar.com

Објавено:
28 јули 2017
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
833 пати