Совети за младоженците

9 декември 2015

Свадбениот ден не е ништо помалку важен, ниту стресен за младоженците. Иако невестите се во преден план и за нивниот изглед се зборува и се планира со месеци наназад, изгледот им е исто така важен и на младоженците.

Токму затоа во продолжение презентраме неколку совети поврзани со стилот, што идните младоженци би требало да ги знаат.

-„Попуштете“ го ременот. При изборот на панталони или изберете добар кројач, или внимавајте на тоа да ви прилегаат совршено. Доколку мерките околу половината ви се соодветни, нема да имате потреба од ремен. Исто така, доколку ги шиете панталоните можете му кажете на кројачот да ги тргне гајките за ремен, бидејќи така ќе постигнете „чист“ изглед.

-Ако се одлучите за пеперутка-вратовска, тогаш научете како правилно да ја врзете или оставете го тоа на професионалци. И никако не ја носете разлабавена, тоа е недопустливо.

-Бидете најдобрата верзија од себе. Денот на свадбата не е време кога треба да се дискутира или испробува нова фризура или некој тренд. Запомнете дека невестата сака да се омажи за момчето во кое се вљубила, така што бидете си свои и беспрекорно облечени.

-Чевлите нека не ви бидат последното нешто на список. Тие говорат многу за еден маж. Квалитетни обувки ќе остават позитивен впечаток на севкупниот изглед, па затоа доколку можете, не жалете да вложите во добри чевли.

-Имајте опција. Многу невести имаат и втора опција, односно втор фустан на веселбата. И младоженците можат да имаат исто така. За официјалниот дел можете да носите свечено одело или фрак, додека пак, за веселбата можете да облечете некое полежерно, но сепак елегантно палто.

Објавено:
9 декември 2015
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
901 пати