Супермоделот Кендра Спирс се омажи за принцот Рахим

2 септември 2013

Рахим и Кендра

Американскиот супер модел Кендра Спирс стана принцеза откако завчера се омажи за најстариот син на милијардерот Неговото Височество Ага Кан IV, Рахим.

На венчавката 24-годишната убавица носеше прекрасно сари во боја на слоновата коса и златна бордура. Венчавката со принцот Рахим Ага Кан (41) беше традиционална муслиманска церемонија.

Двојката се вереше пред четири месеци, а заветите си ги разменија во Женева, Швајцарија.

На свадбената церемонија Кендра носеше дијамантски обетки усогласени со ист таков ѓердан. Кога се обувките во прашање, Спирс се одлучи за сандали во боја на пудра.

На венчавката присуствуваа само семејството и блиските пријатели, во замок во близина на Женевското Езеро. А муслиманската церемонија е обичај во кралското семејство.

„Ви благодарам за убавите твитови. Многу сме возбудени“, кусо напиша Кендра по венчавката.

Инаку, кралското семејство е познато по убавите невести.

Дедото на Рахим се ожени со Рита Хејворт. Мајката на Рахим, која е Британка, Принцезата Салима Ага Кан, беше позната како супермодел Сара Крокер - Пул, пред венчавката. Таа се разведе од неговиот татко во 1995 година, но се уште го носи неговото презиме.

Ага Кан (74) потоа се ожени со поранешната германска поп ѕвезда, Грабриел Рената Хомеј во 1998 година, која подоцна го зема името Инара. Но, во 2011 година таа љубов заврши со развод.

Браќата на Рахим исто така се оженети со супермодели.

Принцот Хусеин (39) се ожени со Кристин Вајт, ќерка на професор во 2006 година во Париз. Невестата премина во Исламот и го доби името Калија. Во 2011 година двојката се раздели, а од бракот немаа деца.

Ќерката на Ага Кан, Принцезата Захра (42) исто така има неуспешен брак. Таа се омажи за машкиот модел Марк Бојден во 1997 година, со кого има две деца  - ќерката Сара и синот Илијан, но се разведоа во 2005 година.

Се надеваме дека Кендра и Рахим ќе имаат повеќе среќа.

Принцот Рахим со свадбеното одело

Кендра во свадбеното сари

Младенците после свадбата

Ага Кан

Свадбената фотографија на принцот Хусеин со Кристин Вајт

 

 

 

Објавено:
2 септември 2013
Категорија: 
Бела соба