Свадбени фризури за оваа пролет

26 април 2014

Не постои девојка која не би сакала да изгледа перфектно за најубавиот ден во својот живот. Големите подготовки пред кажувањето на судбоносното „да“ претставуваат слатка мака, но исто така бараат внимание до последниот детаљ. Тоа значи дека не само што се прави вистинскиот избор на венчаница, туку се бара и фризура која ќе одговара на конституцијата  на креацијата. Токму затоа, ние решивме да ви понудиме пролетни свадбени фризури кои преовладуваа на Bridal Week  во Њујорк.

Каролина Херера Каролина Херера

Доколку сте верни на класиката тогаш најсигурен избор е пунџата, фризура која беше дел од ревиите на Моник Лулие и Оскар де ла Рента. Притоа неизоставен дел од свадбените фризури се круните и дополнителните украси за коса кои се неизбежен дел за вакви пригоди. Дополнителна сензуалност во однос на пунџите понуди Каролина Херера, која како ефект ги вметна крупните бисери во коса.

Моник Лулие Моник Лулие

Романтичните души сигурно ќе се пронајдат во моделите на Reem Acra, чии венчаници се дополнително украсени со брановидни прамени, а слична визија имаше и Маркеза, која одбра полу подигната, тапирана коса, дополнета со цветни додатоци. За крај ќе ви понудиме фризура во вид на коњско опавче, предлог на дизајнерката  Џени Пакман.

Џени Пакман Џени Пакман

Каролина Херера Каролина Херера

Маркеза Маркеза

Оскар де ла Рента Оскар де ла Рента

Оскар де ла Рента Оскар де ла Рента

Reem Acra Reem Acra

Објавено:
26 април 2014
Категорија: 
Бела соба