Свадбени трендови за декорација за 2014 година

14 јануари 2014

Организаторите на венчавки најавуваат дека во текот на 2014 година најпопуларни декорации  ќе бидат оние во винтиџ и рустичен стил. Ако оваа година ја подготвувате вашата прослава, тогаш нацрпете инспирација за тоа како да биде декориран просторот каде ќе ја прославите љубовта. Ретро декорациите остануваат ин , а како главни реквизити се свеќи, стаклени шишиња и тегли, перли и свежо цвеќе. Елеганцијата, носталгијата и романтиката ќе го имаат главниот збор од 2014-та.  Сепак, секоја сезона се појавуваат нови трендови во однос на организација и декорација, па така за оваа се најавува „експлозија“ од уникатни идеи. Ако сте личности со ведар и индивидуален стил, ова е правиот избор за вас. Кога станува пак збор за просторот, најатрактивен е оној на отворено во природа, а еве неколку идеи како да го „обоите“ најубавиот ден во животот. Уживајте!

Објавено:
14 јануари 2014
Категорија: 
Бела соба