Свадбените фотографии на двајца вљубеници во литературата ќе ве воодушеват

22 август 2018

Британи и Чед се двојка која признава дека е лудо вљубена во читањето книги. Затоа и кога дошло време да ја организираат нивната свадбена прослва, не се довумеле околу темата - литература.

„И Чед и ја сме страстни читатели на книги и ја делиме длабоката почит кон литературата, затоа и сакавме тој момент да го инкорпорираме и во нашата свадба. Јас сум уметник по професија и се голем дел од деталите ги изработив сама, но во исто време и многу други луѓе ми помогнаа мојата замисла да биде успешна реализација. Од хартиените медаљони наредени во црквата до 100-те хартиени цветови, па и цветното венче сè беше рачно изработено од моите пријатели, семејство и мене. Фустанот го соши мојата свекрва“, вели Британи.

Нас ни остави впечаток и хипи комбето, како и севкупната ретро атмосфера, во која совршено се вклопија сите рачно изработени детали.

Но, она што најмногу привлекува внимание е сводот направен од книги, што е совршено осмислен момент во кој ги спојуваат љубовта кон книгите и нивната меѓусебна љубов.

Како изгледаат останатите детали од оваа фантастична венчавка, погледнете во продолжение:

Сите фотографии, можете да ги видите на линкот ТУКА.

Објавено:
22 август 2018
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
600 пати