Свадбеното видео на пливачот Мајкл Фелпс и мисицата Никол Џонсон

19 декември 2016

За Мајкл Фелпс 2016-тата беше и повеќе од успешна. Олимписката кариера ја заврши како најуспешен спортист на сите времиња со најмногу освоени медали, вкупно 28 (од кои 23 златни) и тоа почнувајќи од игрите во Сиднеј во 200-тата па сè до овие во Рио во 2016-та. Притоа, на игрите во Рио постави и нов олимписки рекорд на 4х100 метри.

Фелпс оваа година стана и татко. Во мај се роди синот Бумер, а неколку месеци подоцна и се ожени со долгогодишната девојка, Никол Џонсон, инаку модел и Мис Калифорнија за Мис Америка во 2010 година.

За нивната свадба не се знаеше многу, бидејќи тоа го направија далеку од очите на јавноста. Во јуни месец во кругот на семејството и сведоците го склучија граѓанскиот брак, а во октомври ја имаа свадбената церемонија во Кабо Сан Лукас во Мексико, каде присуствуваа 50-тина нивни најблиски роднини и пријатели. Два месеца подоцна, двојката одлучи да го сподели овој момент со јавноста, а ексклузивата ја доби сјатот „Брајдс“.

Тие ја објавија и нивната љубовна приказна, деталите од церемонијата, како и свадбеното видео.

-За граѓанскиот брак не знаеше никој освен нашето семејство. Иако постоеја шпекулации, сепак го направивме тоа скришно и пред сè поради Бумер –вели двојката.

Како открива Никол, нивната врска поминувала низ неколку тешки периоди, па неколку пати се разделувале, од кои во 2013 изгледало дека ќе биде засекогаш.

-Му реков тогаш: „Изгледа дека не си подготвен на тоа, па треба да одиш и да се забавуваш“. Но, секогаш ме јадеше тоа „што ако?“. Не можев да се замислам со некој друг. Никој не ме разбира како Мајкл. – открива мисицата за „Брајдс“.

Пливачот додава:

„Јас пак се прашував: „Што ако никогаш повеќе нема да имам шанса да ѝ кажам како се чувствувам?“. Затоа го направив тоа и повторно бевме заедно. Постојано се шегуваме сега за тоа. И двајцата отсекогаш гледавме на тоа – Ако е судено да биде, тогаш ќе биде. И по сè изгледа судено е – вели Фелпс.

На прашањето на новинарката дали е потешко тренирањето за Олимписките игри или менувањето пелени, Мајкл ќе каже:

-Па некои менувања и не беа баш забавни, но и двете активности се предизвикувачки на свој посебен начин. Тренирањето за Олимписките игри не беше лесно, но јас навистина уживав во тоа после многу долго време. Бумер пак, ме научи што значи трпеливост. И расте неверојатно брзо. И си развива своја личност, што е фантастично – признава спортистот.

Инаку, Фелпс носи одело од модната куќа „Барбери“, а Никол е во венчаница на Џули Вино.

Објавено:
19 декември 2016
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.664 пати
Извор: 
brides.com