Томи Хилфигер и ќерката Aли заедно ја дизајнираа нејзината венчаница

29 јуни 2017

Дизајнерот Томи Хилфигер деновиве има причини за славење. Пред неколку дена тој ја омажи неговата најстара ќерка Али, од првиот брак, а инаку има вкупно пет деца.

Али е првата што стапува во брак. Свеченоста се одржа на приватниот остров Мастик во кругот на најблиските и пријателите.

 

So happy for my daughter Ally's wedding to @Steve hash. Photo credit @Eshander

A post shared by Tommy Hilfiger (@thomasjhilfiger) onJun 27, 2017 at 8:38am PDT

Томи ја отпрати ќерка си до олтарот, каде што ја чекаше долгогодишното момче Стив Хаш.

Невеста носеше венчаница во бохо стил, а во чие дизајнирање учествуваа и таа и нејзиниот татко.

 

#love

A post shared by Dee Ocleppo (@mrshilfiger) onJun 26, 2017 at 8:36am PDT

Фустанот е едноставен, ја следи линијата на телото, има тенки прерамки и потсетува на актуелните „слип“ фустани. Но, она што најмногу привлекува внимание е наметката која Али ја носеше врз венчаницата, изработена од транспарентен материја во комбинација со тантела и со имплементирани везени апликации во сина боја.

Инаку, Стив и Ели се во врска шест години, а минатата година во јули се случи свршувачката, за време на патувањето во Париз.

 

#magicalmoment

A post shared by Dee Ocleppo (@mrshilfiger) onJun 27, 2017 at 7:35am PDT

 

Двојката има и двегодишна ќерка, Хилари, која на прославата ги постелаше ливчињата од цвеќе сè до олтарот.

Она што на некои свадби е забрането, кај нив беше правило – гостите, вклучително и младоженецот да носат бело.

Официјални фотографии во медиумите нема,  но гордиот татко, неговата втора сопруга Ди Хилфигер и среќната двојка споделија неколку на нивните профили на социјалните мрежи, а ние ви ги пренесуваме во продолжение:

 

 

Happy Father and StepMother..... 1 wedding down.....only 6 more to go!

A post shared by Dee Ocleppo (@mrshilfiger) onJun 27, 2017 at 9:23am PDT

p> 

 

With my boys

A post shared by Dee Ocleppo (@mrshilfiger) onJun 25, 2017 at 12:39pm PDT

 

 

With my boys

A post shared by Dee Ocleppo (@mrshilfiger) onJun 25, 2017 at 12:39pm PDT

 

 

Magical night in Mustique ... photo credit @fooandfoo Congratulations to Mr. And Mrs. Hash!!!

A post shared by Dee Ocleppo (@mrshilfiger) onJun 25, 2017 at 5:22am PDT

 

 

A post shared by Ally Hilfiger (@allyhilfiger) onJun 19, 2017 at 4:44pm PDT

 

Објавено:
29 јуни 2017
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
3.409 пати