Тренди централни свадбени декорации

23 август 2013

Ако порано немаше некаква посебна декорација во централниот дел на масата, или пак се користеа свеќи, денес работите се многу поинакви. И како што за многу други работи трендовите се менуваат, а работите напреднуваат, така и за овој сегмент од вашата свадбена декорација.

Најчесто секако се користи цвеќето, но не обично. Се користи цвеќе во форма на топка, или пак се користат сталаци, со што цветниот аранжман се истакнува уште повеќе. Но, можат да бидат и ниски, со зеленило и пастелни бои. Исто така, се користат и стаклени вазни исполнети со украсни камчиња и свежо цвеќе.

Но, оние што не се љубители на цвеќето не значи дека нивната свадбена декорација нема да биде убава. Постојат неколку начини на кои може да се замени цвеќето. Со украсни стаклени садови - ниски и високи, со хартиени украси, со преубави свеќи. Треба да го изберете само тоа што ви се допаѓа, што ќе одговара на вашиот сензибилитет, темата на венчавката и секако вашиот буџет.

Во продолжение, погледнете дел од тренди централни декорации за на маса.

Објавено:
23 август 2013
Категорија: 
Бела соба