Трендови кај венчаниците за претстојната сезона

26 август 2015

Есенските колекции венчаници донесоа нови трендови што дефинитивно допрва ќе ги гледаме кај невестите на кои им претстои најубавиот ден од животот.

Некои од тие трендови се венчаниците со интересен вез, винтиџ детали, романтични тантели, но и белите смокинзи.

Во продолжение, погледнете ги овие четири тренда во кои знаеме дека ќе се вљубите.

Украсени и везени венчаници

Светкавите детали и монистрата во најголем дел преовладуваат кај венчаниците на омилениот Зухаир Мурад во неговата 2015 колекција. Тимот дизајнери, секоја венчаница ја украси со специјално изработени мониста и светки во најразлични нијанси за блескав финиш.

Златни венчаници

Ели Сааб и Валентино направија вистински луксузни златни венчаници кои се одличен избор за сите оние кои сакаат малку поинакви фустани за големиот ден. Оваа „златна“ колекција Ели Сааб ја посвети на неговата жена која носела токму таква венчаница пред точно 25 години.

Романтични венчаници

Новата муза на Раф Симонс, Софиа Мечетнер ја имаше честа да го затвори шоуто на Диор со прекрасната и нежна венчаница во бела боја и едноставен крој. Подеднакво романтични беа и венчаниците на Версаче во нежни пастелни бои, изработени од неверојатно лесен материјал.

Смокинг

Откако Кендал Џенер се појави во бел смокинг на шоуто на Шанел, повеќе од сигурно беше дека тоа ќе стане огромен тренд. Доколку смокингот го комбинирате со вел, тоа ќе биде полн погодок!

Објавено:
26 август 2015
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
2.174 пати