Трите најпопуларни венчаници на Пинтерест за 2018

10 јули 2018

Пинтерест е омилена платформа на многумина што уживаат во процесот на инспирација или потрагата по креативни решенија.

Оваа мрежа е посебно интересна за оние што бараат модна инспирација, или сакаат да знаат што е моментален тренд во светот на модата. 

Со оглед на тоа дека популарноста на „Пинтерест“ не опаѓа претерано, сè уште се сметаат за релевантни податоците со кои располага. Затоа, неретко дури и дизајнерите сакаат да знаат што е „најпинувано“ или најкоментирано на мрежата.

Во тој контекст, „Пинтерест“ повторно ги сподели информациите за најпопуларните венчаници за актуелната година. 

најпопуларната венчаница на Пинтерест за 2016 и 2017

Брендот „Grace Loves Lace“, што ја стекна популарноста токму благодарение на „Пинтерест“, е сè уште во врвот. 

Во 2016 моделот „Holly“ беше прогласен за најпинуван и најпопуларен, а следната година тој тренд продолжи така што, од брендот дизајнираа нова венчаница земајќи ги предвид коментарите од „Пинтерест“ за тоа што да се подобри.

Годинава пак, најпопуларна венчаница помеѓу користиниците на мрежата е моделот „Camille“. Невестинскиот фустан е со долги ракави, ја следи линијата на тело во горниот дел од фустанот и колковите, а потоа продолжува да „паѓа“ право. Кога се ткаенините во прашање, се работи за комбинација помеѓу тантела и свила, односно жоржет. Грбот е со длабок отвор. Цената на овој модел изнесува 2.700 евра.

модел: Camille

На второ место е фустан од исто така австралиски бренд, односно дизајнерка „Anna Campbell Bridal“. Се работи за моделот Savannah во винтиџ манир. Фустанот го прави посебен изборот на тантела, кој продолжува на грбот во V-израз. Здолништетот е лелеаво и во половината завршува со панделка.

модел: Savannah

На третото место е фустан, повторно од австралиска дизајнерка Карен Вилис Холмс. Моделот Mabel, веројатно би го одбрале невести што сакаат малку поинаков, а сепак минималистички стил за својата венчавка. Се работи за здолниште во А-крој, во скомбинација со топ со кратки ракави, без било какви украси.

модел: Mabel

Кој модел ви се допаѓа најмногу?

 

фото извор: pinterest.com; annacampbell.com.au; graceloveslace.com.au; 

Објавено:
10 јули 2018
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
736 пати
Извор: 
zadovoljna.hr