Во пресрет на најубавата свадбена сезона кога најголема желба на идните невести им е да го најдат совршениот фустан за нивната венчавка, Маркеза како еден од омилените брендови ја лансираше својата нова колекција.

Како и секогаш, тимот дизајнери претстави бајковити модели на венчаници буквално за сечиј вкус, а токму различното е нешто поради што брендот важи за еден од најпочитуваните.

Она по што овој пат Џорџина Чапман и Карен Крег ќе останат запаметени се интересните и несекојдневни чевли кои беа дел од колекцијата.

Станува збор за шик и навистина уникатна алтернатива на белите и сини потпетици кои девојките ги обожаваат децении наназад.

Иако наликуваат на оние чевли за комбинирање со ноќници, сепак тие претставија навистина интересни модели сандали со пердуви на висока потпетица, а ги комбинираат со чорапи од тантела кои се вистински хит сезонава.  

Покрај впечатливите чевли, дизајнерите на Маркеза претставија навистина прекрасни фустани почнувајќи од едноставни модели со корсет и ремен на половината, потоа романтични со длабоко деколте, комбинации од блузички со цветови и долго здолниште со карнери, но и многу други.

Инаку, во тек е модната недела за невести во Њујорк каде голем број од светски познатите брендови ги презентираат своите нови прекрасни колекции полни идеи за идните невести.

Објавено:
24 април 2017
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
851 пати