Уникатна невеста со впечатливи модни додатоци

25 јули 2016

Секогаш ги охрабруваме идните невести при изборот на својот венчален фустан и комплетен изглед примарно да го земаат во предвид својот индивидуален стил, дури и кога се работи за класична венчаница да остават свој печат макар преку еден впечатлив детаљ. А при тоа секако да внимаваат изборот на венчаницата да биде соодветен на конституцијата на нивното тело, висината, тенот, личниот сензибилитет...

Сања е токму една таква невеста која остана доследна на својот имиџ и успеа да направи совршен баланс помеѓу класиката, актуелните тенденции и нејзиниот личен стил.

За својот комплетен невестински изглед, таа соработуваше со македонскиот моден бренд Елена Лука и токму тука ја одбра својата идеална венчаница од колекцијата „Impact".

Венчаницата има едноставна линија што ја следи силуетата на нејзиното тело и е изработена од раскошен материјал, богато украсен со рачно изработени композиции од мониста.

Она што и дава дополнителна впечатлива визуелна нота на нејзиниот комплетен стајлинг е мрежестата ракавица на едната рака изработена од истата композиција на мониста со која е украсена и самата венчаница и секако преубавиот класичен вел што го одразува традиционалниот стил во оваа модерна варијанта на невестински изглед.

Новата колекција венчаници на Елена Лука може да ја погледнете на овој линк.

Објавено:
25 јули 2016
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
9.539 пати