Уникатни невестински детали што ќе ве направат единствена

19 мај 2014

Доколку наскоро е вашата венчавка, веруваме дека како невеста што го подготвува најголемиот ден сте во позитивен хаос што секоја идејна инспирација би ви била добредојдена. Доколку се водите спорд мислата дека не сакате да биде со традиционални односно карактеристични детали што речиси секоја невеста ги носи, во продолжение ви ги прикажуваме најновите трендови со однос на невестинските аксесоари. Заборавете на дијадемите и златниот накит, зашто дизајнерите и брендовите ви нудат нешто сосема поразлично од досега.

Ќе погледнете инспиративни начини како да аплицирате декоративна лента во косата, брошови, тантелни ленти за на рака во функција на романтични алки, велови со необична поставеност, невестински високи потпетици и балетанки во контрастни нијанси од фустанот. Уживајте од галеријата и во оваа безвременска бохо елеганција. Инспирирајте се и не заборавајте дека деталите се многу важни за целосниот моден печат.

 

Објавено:
19 мај 2014
Категорија: 
Бела соба