Модната куќа Блумарин неодамна ја обелодени и новата невестинска колекција за 2016 година. Веруваме дека голем број од девојките што ја подготвуваат својата свадба и веќе се посветени на бирањето на идеален венчален фустан, нема да останат рамнодушни.

Колекцијата ја сочинуваат 50 модели, најчесто во стандардна бела боја. Дел од креациите се со апликации и нежна тантела, а квалитетните материјали како свила, сатен, органза придонесуваат за нивниот раскошен изглед.

Кој е вашиот фаворит?

 

Објавено:
1 октомври 2015
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
2.290 пати