После модните недели за ready-to-wear колекциите, на ред дојдоа оние за венчалните фустани.

Модната недела во Њујорк посветена токму на ваквите креации завршува денес, а во изминативе седум дена се претставија бројни познати модни куќи и дизајнери.

Беџли Мишка

Според виденото може да се рече дека следната есен поактуелни се едноставните фустани, без многу тантела. Тоа не значи дека ја нема воопшто, но не е комплетно во фокусот.

Бели и шампањ венчаници се доминантни, додека дел од дизајнерите понудија и такви во розова и сина боја, како и со црни детали.

Сирена кројот е најзастапен, па во втор план ги става кринолините.

Џени Пекам

Генералниот впечаток е дека дизајнерите како тренд го поставуваат минимализмот, суптилноста, нежноста и моќта на едноставноста.

Каролина Херера

Ако сте во фаза на бирање на вашиот венчален фустан, се надеваме дека галеријата во која го издвоивме најдоброто од оваа модна недела ќе ви помогне да се инспирирате.

Објавено:
13 октомври 2015
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
5.428 пати