Венчалниот фустан на латино дивата Талија

14 август 2017

Латино дивата Талија ја запознавме благодарение на шпанските сапуници, но освен тоа што глуми, таа е и пејачка и една од најпопуларните, а воедно и најмоќните жени на јавната сцена во Јужна Америка.

Во 2000-тата година, уште повеќе го сврте медиумското внимание, стапувајќи во брак со музичкиот могул Томи Мотола. Двојката се венчаше во катедралата „Сент Патрик“ во Њујорк.

И покрај бројните шпекулации дека се работи за брак од интерес, нивната заедница трае веќе 17-та година, време за кое го проширија семејството со две деца – ќерката Сабрина и синот Метју.

Нивната свадба се памети по гламурот и секако, спектакуларната венчаница. Иако оттогаш поминаа речиси две децении, фустанот што Талија го одбра за венчавката може да се мери и со денешните.

Имено, фустанот е дизајниран од мексиканскиот дизајнер Митци. Се работи за креација со корсет и откриени раменици, спуштен струк и балско здолниште. Она што е импресивно и денес и богатото украсување. Илјадници монистра и камчиња се употребени за да го збогатат фустанот, а за гламурозниот ефект придонесува и долгиот „шлеп“, украсен на ист начин.

Во косата пак, носи тјара, моден додаток што се враќа на модната сцена. По завршувањето на церемонијата, пејчаката и атерка е забележана во поедноставен бел фустан и крзнена бунда.

Како ви се допаѓа невестинското издание на Талија?

 

фото извор: thalifotos.wordpress.com; Pinterest.com; popsugar.com;

Објавено:
14 август 2017
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
4.078 пати
Извор: 
Popsugar