Венчаница дизајнирана според коментари на Пинтерест

30 ноември 2017

Минатата година за најпопуларна венчаница на Пинтерест беше прогласен моделот Holly на австралискиот бренд Grace Loves Lace.

Успехот го натера тимот да создаде и подобрена верзија на фустанот, кои го нарекоа едноставно Holly 2.0.

 

Но, изненадувањата не застанаа тука. Имено, според нивната статистика моделот Josee е еден од најбрзо распродадените.

jossie

Новата верзија на овој модел пак, е наречена Fabienne, а интересното кај неа е што за нејзиното дизајнирање биле земени предвид преку 200 коментари на Пинтерест.

Жените ширум светот се воодушевувале и давале сугестии под фотографијата на овој модел, а брендот одлучил да им ги исполни желбите.

Резултатот е уште една прекрасна бохо венчаница, со спуштени раменици и А-крој.

„Овој модел е удобен и претставува совршена комбинација на бохо стил и класична ренесансна убавина“, велат од брендот за австралиските медиуми.

Најновото од нив пак е нова колекција, која веруваме ќе ги израдува сите невести што планираат венчавка во лето или на некое егзотично место.

Колекцијата е посветена на сите неконвенционални невести, кои ја претпочитаат романтиката, а фотографиите следат во продолжение:

 

Објавено:
30 ноември 2017
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
2.413 пати