Се чини трендот на венчаници со голи рамена кој беше омилен на девојките изминатата свадбена сезона, ќе биде хит и оваа претстојната. 

Девојките ги обожуваат ваквите венчаници поради тоа што истите се неверојатно секси, а истовремено и толку елегантни. 

Како што пишува магазинот Brides, венчаниците што ги откриваат рамената ќе бидат хит и следната сезона, опишувајќи ги како прекрасни модели кои откриваат доволно кожа и не се премногу упадливи. 

Дека тоа дефинитивно ќе биде така покажува и нивната продажба која е речиси идентична со продажбата на венчаниците со корсет, односно без прерамки кои се ултимативен хит на сите времиња. 

Од останатите трендови што ќе бидат хит следната сезона магазинот Brides ги истакнува оние делови како здолништа кои се додаваат и се вадат од основниот модел, големите панделки, неконвенционалните бои, панталони и длабоко деколте. 

 

Објавено:
18 ноември 2016
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
7.939 пати