Венчаници инспирирани од женски феномени

12 ноември 2014

На речиси секоја млада девојка и идна невеста, секогаш добредојдени и' се новите идеи за модели на венчаници. Тие се  непресушен извор на инспирација за најголемиот и најубавиот ден во животот –венчавката.

Токму навраќањето кон делата и визијата на жените што  уживаат статус на светски феномен, беа појдовната инспирација на американскиот бренд BHLDN. Последната колекција носи енергија преточена преку инспирацијата од феноменални жени од минатото и сегашноста.

Не случајно инпутот тргнува од американската модна уредничка на Харперс Базар, Карамел Сноу, неповторливата Одри Хепберн, поетесата и актерка Маја Ангелу и планетарно познатата музичка дива Бијонсе.

Секоја креирана венчаница изобилува со винтиџ гламур споен со тенденциите од новото време, проткаен со традиционалната елегантна и богата тантела, тул и свила.

Официјалниот лукбук е изработен во црно-бела техника, која дополнително асоцира на инспирацијата од минатото. Од лелави и романтични во бохо стил, елегантни, па се до актуелните кратки модели,  ја создаваат венчалната целина од колекцијата.

Секоја од венчаниците ја карактеризира различна интерпретација  од кројот и материјалите, а токму тоа создава проширени погледи на изборот.

 

 

Објавено:
12 ноември 2014
Категорија: 
Бела соба