Венчаници од Зухаир Мурад за пролет-лето 2014

4 јануари 2014

Знаеме дека омилениот Либански дизајнер Зухаир Мурад нема да ве разочара, туку ќе ве воодушеви со пролет-лето колекцијата венчаници за 2014-та година. Традиционални кроеви, тантела, тул, драматични велови и модерен изглед, доминираат од оваа нова колекција.

 

Тој го има најпрефинетото око за детали, а секоја невеста што ги носи ја прават посебна. Секогаш женствено,елегантно и гламурозно, секоја венчаница е посебна приказна за себе, а Мурад на секој модел му даде име, инспириран од принцезите од неговите соништа и реалноста. Задржете го здивот и почнете да разгледувате.

Објавено:
4 јануари 2014
Категорија: 
Бела соба