Венчаници со длабок V израз – тренд во 2017

10 јануари 2017

Помеѓу трендовите за 2017 година во однос на венчалните фустани, еден од доминантните е трендот на нагласен V израз, односно длабоко деколте.

Речиси сите светски познати брендови што имаат специјализирани линии венчаници, оваа тенденција ја имплементираа во своите последни колекции што резултираше со ултра модерни, одмерено сексапилни и софистицирани венчаници.

Голем избор ќе најдете во последните колекции на Оскар де ла Рента, Маркеза и Лела Роуз.
Совршено прилегаат на невести со помали гради, а најчесто ваквите венчаници се или во популарниот „сирена крој" или во суптилна А форма.

 

Објавено:
10 јануари 2017
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.373 пати