Венчаници со долги ракави

21 септември 2016

Многу често невестите што ја закажуваат својата свадбена церемонија во есен или зима, се одлучуваат за венчаници со долги ракави.

Со оглед на тоа дека ни претстои сезона на зимски венчавки, побаравме совет од нашата модна куќа Елена Лука да ни посочи кои се идеалните варијанти на венчални фустани со долги ракави, иако не постојат строги правила од тој аспект.

„Венчаницата е индивидуален избор на секоја невеста, но секако и сезоната за која е закажана свадбата има свое влијание при одлуката. Тоа не мора секогаш да значи венчаница со долги ракави, но ако се работи на пример за свадба во зима, тогаш многу често изгледот на невестата е надополнет или со крзнен шал, болеро или некој друг моден додаток пред сè од практични причини, но секако е и со естетска функција. Венчаниците со долги ракави се секако многу чест избор, особено доколку се работи за свадба во претстојната сезона", велат од Елена Лука.

Во линиите венчални фустани на овој македонски моден бренд секогаш се застапени стилски различни венчаници, па изборот за невести со различен естетски сензибилитет е голем.

„Секоја нова сезона, во делот на венчални фустани, внимаваме на нашите невести да им понудиме што поголем избор на стилски различни венчаници, а секако помеѓу изборот задолжително се и венчаниците со долги ракави во повеќе стилски варијанти (од романтични до минималистички). Особено оваа сезона се актуелни и венчаниците со еден ракав, венчаниците со долги ракави аплицирани со богати везови, како и венчаниците со долги ракави и отворен грб, што изгледаат навистина елегантно и сензуално", додаваат од дизајнерскиот тим на Елена Лука.

Во продолжение направивме избор на венчаници со долги ракави од архивата на Елена Лука, почнувајќи од последната екстравагантна колекција, па се до венчаниците од претходните колекции, како и неколку впечатливи Елена Лука невести што одбрале токму таков тип на венчаница.

Објавено:
21 септември 2016
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.825 пати