Пролетната сезона на венчавки наскоро ќе започне. Доколку уште го барате совршениот фустан за вас, а притоа би сакале да ги истакнете вашите раменици, тогаш нашите предлози може да ви бидат инспиративни.

Без разлика на тоа за каков фустан ќе се одлучите - класичен, бохо, широк, во сирена крој - овој израз може да се вклопи во секоја ваша идеја.

Откриените раменици се еден од најактуелните трендови од минатата година, и тоа не само во секојдневната облека. Даваат посебна нота на елеганција. Секако, предуслов е да имате убави и негувани раменици и деколте. 

И да се одлучите за долги, 3/4 ракави или пак куси, овој отвор во горниот дел на венчаницата ќе го оствари посакуваниот ефект.

Прикладен е за сите возрасти, особено за оние малку повозрасните невести што во прв план ја ставаат елеганцијата и женственоста.

Ако сте од оние невести што сакаат куса венчаница и не сте сигурни дали откриените раменици се добар избор, бидејќи не би сакале да претерате, оваа комбинација може да изгледа исто толку добро, доколку и должината на венчаницата биде соодветна.

 

Објавено:
1 март 2016
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
2.593 пати