Венчаници со персонализирана порака

3 април 2019

Идеална венчаница е онаа што ќе проговори за вас, ќе ја раскаже вашата приказна и ќе ги сочува вашите спомени.

Кога во нејзиниот дизајн ќе вметнете нешто лично и само ваше, нејзината вредност станува непроценлива.
Тоа е и идејата на ателјето за венчаници базирано во Лондон, Hermione de Paula, што креира венчаници во чиј дизајн се извезани пораки што имаат посебно значење за невестата.

Некогаш тоа се имињата на младенците, некогаш датата на нивната свадба, некогаш стихови од песна или порака со само ним познато значење.

Доколку сте идна невеста, а сакате да и дадете персонализирана нота на вашата венчаница, размислете и за оваа интересна идеја.

Објавено:
3 април 2019
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
653 пати