Венчавка во розово-златна комбинација

28 март 2018

Ако сте од оние што сезонава пролет-лето планираат венчавка и веќе размислуваат за тоа како да изгледа просторот или декорациите, ние денеска ви даваме предлог тоа да биде розово-златна комбинација.

Овој тренд стартуваше минатата пролетна сезона, а неговата популарност не стивнува. Се имплементираше во сите аспекти - декорациите, венчаниците, накитот.

Ние денеска одлучивме да ви понудиме инспирација околу декорацијата. 

Боите можете да ги имплементирате во изгледот на масите и столчињата, но и при изгледот на тортата или колачињата, балоните, цвеќето, венчалниот фустан.

Сепак, немојте да претерате. Фокусирајте се на она што најмногу сакате да го истакнете и дајте му простор да се издвои.

Во спротивно може сè да се претопи едно во друго и да добиете спротивен ефект.

Погледнете ги фотографиите во продолжение и инспирирајте се:

 

 

фото извор: pinterest.com; bridesmagazine.co.uk;

Објавено:
28 март 2018
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.149 пати