Актерката Кетрин Мекфи и музичкиот продуцент Дејвид Фостер неделава стапија во брак. Во средата организираа венчавка во Англија.
Кетрин се одлучи за венчаница од дизајнерот Зак Посен. Се работи за корсте со срцевиден отвор и богато здолниште од тул.
View this post on Instagram
„Совршен ден со најсовршениот сопруг“, напиша актерката под Инстаграм објавата.
Двојката во моментов е во Италија на меден месец, а дел од свадбените фотографии ексклузивно се појавија на веб страната на Вог.
Нивната венчавка и брак ја разбрануваа јавноста поради разликата во години, но Кетрин смета дека се работи прекрасна случајност.
Имено, пред венчавката таа сподели видео од нејзината изведба на „Somewhere Over the Rainbow“, која ја испеала 13 години пред денот на нејзината венчавка.
„На денешен ден пред 13 години, мојата прва песна, изведба на Somewhere Over the Rainbow“ беше објавена веднаш после „Идол“. Денеска... Се мажам за човекот кој го ја продуцираше. Животот е полн со убави случајности нели? Ти благодарам што ме однесе преку виножитото Дејвид“, напиша Мекфи.
View this post on Instagram
Како пренесува „Дејли Мејл“, двојката денеска ќе организира забава, на која ќе присуствуваат околу 80 гости.
Во продолжение погледнете ги нивните први свадбени фотографии:
View this post on Instagram