Венчавката во италијанскиот регион Пуља сосема нè освои

25 август 2017

Исабел Рот е студентка по право од Њујорк и веројатно невестата на која многу девојки ѝ завидуваат.

Таа и нејзиниот избраник Џејк Стејн, претседател на „Def Pictures“, компанија за филмска и театарска продукција чиј основач е Расел Симонс, одлучија италијанскиот јужен регион Пуља да биде местото каде што со најблиските ќе го прослават овој за нив посебен ден.

Се запознаваат случајно преку заеднички пријател.

-Бев поканета кај пријател на вечера. Не беше ништо планирано. Џејк веќе беше во колата кога другар ми Дејвид дојде по мене. Тој излезе и како вистински џентлмен ми ја отвори вратата и имавме чудно ракување со рацете. На вечерата седевме еден спроти друг и си подававме храна. Веднаш помислив дека е за мене, ме засмејуваше цела вечер. Имав чувство како да се знаеме отсекогаш – објаснува Рот.

Четири години потоа, на Божиќ, во домот на неговите родители, тој ја запросува Исабел.

-После вечерата, пешачевме до гостинската колиба каде што спиевме и кога ја отворив вратата, видов стотици свеќи и ливчиња од цвеќиња. Дури не го ни видов кутивчето со прстенот што беше ставено на масата. Толку бев изненадена, што мојот мозок не можеше веднаш да ја обработи информацијата. Ми кажа да ги затворам очите и кога ги отворив, тој веќе клечеше со најубавиот прстен што некогаш сум го видела. Специјално и тајно бил дизајниран за мене. Веста веднаш ја споделивме со братот на Џејк, а со останатото семејство утрото потоа. Таа година, беа присутни и татко ми и маќеата. Им кажавме додека појадувавме, а потоа ги отворавме божиќните подароци. Беше како на филм – раскажува младата девојка.

Со оглед на тоа дека и двајцата ја обожувале Италија отсекогаш, особено виното и храната, многу бргу по запросувањето почнале да го бараат совршеното, уникатно место за свадбата, каде и тие и нивните гости ќе доживеат нешто посебн

Пуља им ја предложил нивниот организатор, Лиса, која ја посетила областа неколку години претходно и знаела дека тоа е совршеното место.

-Ѝ верувавме и минатата година организиравме „last minute“ летување за да го видиме местото. Поминавме три дена таму и се вљубивме во просторот. Таму е навистина сè магично – вели Исабел.

Што се однесува до венчалниот фустан, изборот не бил така лесен.

-Не знаев каде да одам, да пробам. Имав помош од една дама која ми помогна да го најдам совршениот фустан и тоа беше креација од дизајнерката Рим Акра. Отпатував до Њујорк, беше ноември месец, за да ја пробам и веднаш знаев дека таа е вистинската венчаница за мене. После тоа имав уште неколку проби во Лос Анџелес, додадовме уште неколку апликации, бидејќи оригиналната верзија беше премногу транспарентна – открива невестата.

На вечерата пред главниот дел, убавата Исабел одбрала фустан од „Долче и Габана“, додека по церемонијата, забавата ја продолжила во комбинезон.

А во продолжение погледнете ги фотографиите кои сигурни сме ќе ве воодушеват:

Објавено:
25 август 2017
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.837 пати
Извор: 
Vogue.com