Вера Ванг им кажа НЕ на белите венчаници

17 октомври 2014

Модната дизајнерка својата есенска колекција на венчаници за 2014 година ја посвети на розовата боја, која според неа е наменета за сите софистицирани, заводливи и моќни жени, кои се доволно храбри да отстапат од традиционалните обележја поврзани со доминирањето на белата боја во однос на невестинскиот фустан.

Есенската колекција на Вера Ванг за 2014 година е во знакот на розовата боја и тоа спектар од посветли до потемни нијанси. Од материјалите кои преовладуваат се свилата и тантелата, а покрај фустаните во форма на сирења, доминираат корстетите и големите цветни додатоци и панделки кои придонесуваат венчаниците да бидат впечатливи во секој поглед. Во продолжение, погледнете ја колекцијата на дизајнерката за оваа сезона.

Објавено:
17 октомври 2014
Категорија: 
Бела соба