Везилка советува: Зошто свадба на летна тераса?

21 јануари 2016

Во пресрет на најубавата и најпосакувана сезона на свадби, вистинско време е да почнете со подготовките доколку пред вас е еден од најубавите денови во животот.

Ресторанот Везилка ви ја нуди сета магија што некогаш сте си ја замислувале за вашата свадбена прослава.

Везилка е ресторан за свечени манифестации, прослави и семејни веселби, кој постои од мај 2014 година. За овој краток период, се етаблираше како врвен, реномиран и уникатен ресторан, кој со својот единствен изглед и приказна ги импресионира и оние со највисоки критериуми и барања.

Ресторанот се простира на 4000м2, од кои 1000м2 припаѓаат на целосно покриената летна тераса, со уникатен дизајн на бела мембрана (тенда). Везилка нуди капацитет и до 550 гости.

1. Уживање во предностите на летото

Ги сакате свежите летни ноќи? Отворениот простор на ресторанот ќе Ви овозможи да ги почувствувате пријатните температури.

2. Бегство од недостатоците на летото

Везилка е дефинитивно местото каде нема да ги почувствувате летните горештини. Воздухот циркулира кон врвот на мембраната која е висока 14 метри и тоа не дозволува топлината да се задржи долу меѓу гостите. Освен од високите температури, тендата штити и од летните бури кои инаку се вистински кошмар на младенците.

3. Дозволено пушење

Пушењето во ресторанот е дозволено, па ниту еден гостин не мора да ги напушти подиумот и забавата.

4. Сите се во центарот на збиднувањата

Сите знаеме колку е непријатно да се помине вечерта на маса зад столбови кои го ограничуваат видикот кон подиумот. Везилка го дозволува спротивното. Сите гости се на едно место и имаат шанса да бидат дел од секој момент од веселбата.

5. Свадба од соништата

Мембраната на Везилка дозволува комплетно менување на амбиентот со професионално осветлување кое вашата прослава ќе ја претвори во бајка. Амбиентот под високите врвови на ресторанот, дава посебен шарм на свадбената прослава.

6. Креирање уникатни летни спомени

Од особена важност на младенците е овековечување на единствените и неповторливи моменти од свадбата. Секако, секогаш е поуспешно фотографирањето во сончеви и пријатни денови.

7. Практично, а префинето

Матичната церемонија направете ја на отворено, со декор и амбиент кој соодветствува на романтичниот чин.

8. Од класична свадба до луда журка

Летото со себе носи и посебно расположение. Сакаме забава, дружење и подобро ги поднесуваме долгите, непроспиени ноќи. Направете ја вашата свадба, вистинско „лудило“ за Вас и пријателите и дозволете да ве понесе летната магија. Ладните коктели кои ќе ги освежат гостите, секако се голем „плус“.

9. Заборавете ги зимските аксесоари

Свадбата во лето ќе Ви дозволи релаксирано да ги поминете подготовките, но и самата прослава.

Спонзорирана објава
Објавено:
21 јануари 2016
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
2.677 пати