Видео: Белгиец ја запроси девојката високо во облаците

8 ноември 2014
Белгиецот Александар и неговата љубов Мариек се венчаа во авион благодарение на една луда идеја. Младата дама воопшто не претпоставува што ја чека од почетокот на истиот лет. Во договор со една туристичка агенција и членови на семејството, креативното момче и приредува големо изненадување на својата партнерка со која е во двегодишна врска. Двајцата на авионот се качуваат како момче и девојка, а слетуваат како брачен пар.
Приказната почнува така што девојката е уверена дека оди на патување во Родос, кое наводно го освоила на наградна игра. Меѓутоа летот #Yes14, е сè само необичен не! Во авионот се наоѓаат пријатели, роднини, родители... Нејзиниот сегашен сопруг месеци наназад го подготвувал изненадувањето, уште од денот на заљубените, кога на страниците од туристичка агенција на социјалните мрежи го прифаќа предизвикот да се венча во авион.
40-тина патници, односно гости, присуствуваа не заклетвата за вечна љубов, а токму тоа необично патување на крајот се претвора во меден месец од соништата.
Како течеше бајковидната приказна и како изгледа реализацијата, гледате во продолжение:
Објавено:
8 ноември 2014
Категорија: 
Бела соба