Викторија Јаначковиќ е божествена невеста во венчаница од Елена Лука

1 септември 2016

Убавата Викторија Јаначковиќ на своето, го додаде презимето Тасеска. Неодамна таа и официјално ја круниса љубовта со нејзиниот избраник, a не се сомневавме дека ќе биде и прекрасна невеста.

Венчалниот фустан во кој таа изгледаше божествено, специјално за неа го изработи домашниот моден бренд Елена Лука, со кој Викторија во повеќе наврати и професионално соработувала.

Екстравагантната венчаница е изработена во популарниот „сирена" крој со отворен шлиц во предниот дел. Богато е украсена со рачно изработени везови и тантела која е аплицирана во горниот дел околу деколтето и по должината на ракавите, а совршено одговара на сензибилитетот на Викторија.

„Венчаницата е преубава и ми беше совршена за носење. Благодарение на убавиот дизајн, одличниот избор на квалитетни материјали и инвентивноста на Елена Лука, се чувствував совршено", вели Викторија, едно од најубавите лица на домашната модна сцена.

 

Објавено:
1 септември 2016
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
17.744 пати