Веќе знаеме дека Џени Пeкам е една од омилените дизајнерки на голем број познати дами меѓу кои и војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон.

Доколку наскоро планирате свадба, токму оваа дизајнерка направи совршена колекција винтиџ венчаници за американскиот бренд David’s Bridal.

Она што е уште подобро е што во колекцијата таа смести и неколку модели одлични фустани за гостите на свадбата, односно за девериците и мајката на невестата и младоженецот.

Како и секогаш, таа создаде колекција полна со неодоливи модели со чисти линии, безвременски и магични во кои секоја девојка ќе се вљуби од прва.

Дизајнерката уште еднаш дополнително ги истакна моделите венчаници со нежна и романтична тантела, светки, украси во делот кај половината и грбот, како и неодоливи материјали и бои.

Што се однесува до трендовите кај шминката и фризурата, дизајнерката за следната сезона предлага нежни нијанси и едноставни фризури, како и минималистички и суптилен накит што остава посебен впечаток.

Погледнете ја новата колекција на Џени Пeкам во која знаеме дека ќе се заљубите.

Објавено:
24 ноември 2016
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
599 пати