Винтиџ венчаниците се веќе неколку сезони еден од водечките трендови. Фустаните што ќе ги видите во галеријата, веруваме ќе ви послужат како одлична инспирација, доколку во себе го имате романтичниот сензибилитет.

Тантелата е најдоминантниот материјал кога се ваквите фустани во прашање, но исто така, панделките, мрежата и разни монистри се и повеќе од пожелни и привлечни.

Винтиџ венчалните фустани се идеални доколку правите свадба на пролет или лето, бидејќи цветниот амбиент околу вас уште повеќе ќе допринесе за оваа тематска приказна да биде комплетна. Тоа се покажа и на неодамна завршената модна недела во Њујорк за венчаници за сезона пролет 2018 година, каде беа застапени рамо до рамо со останатите трендови.

Вакви фустани носат и оние што малку повеќе го преферираат неконвенционалниот стил, бидејќи најзастапени се беж и розовите нијанси.

Ако се одлучите за богата винтиџ венчаница, тогаш при изборот на модните додатоци водете се од мнимализмот. И обратко, ако се одлучите за венчаница во холивудски стил на пример, тогаш можете да си поиграте и со повпечатливи детали.

Без разлика за каква варијанта ќе се одлучите, она што е сигурно е дека ќе изгледате нежно и бајковито.

За популарноста на овој тренд говори и фактот дека и уличните брендови имаат токму такви креации во понудата, па ако не сакате да потрошите многу, а го сакате овој стил, тогаш и тоа е една од опциите.

Оние што ја ставаат уникатноста пак во прв план, изработката по мерка е незаменлива. 

Објавено:
16 мај 2017
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
603 пати