Вистината за „Say Yes to the Dress“

13 јануари 2017

На многумина од вас веруваме ви е познато шоуто „Say Yes to the Dress“. За потсетување, шоуто се одвива во Њујорк, во еден најголемите салони за венчаници во светот, „Клајнфилд“. Идните невести од различни страни на светот, доаѓаат во „Клајнфилд“ за да ја пронајдат својата венчаница од соништата, со помош на консултантите, а гледачите се сведоци на целиот процес.

Во продолжение ќе прочитате неколку работи што не сте ги знаеле за ова шоу:

-„Клајнфилд“ постои од 1949 година, а на Менхетен се преселува во 2005 година. Ко-сопствениците Мара Уршел и Роналд Ротстајн добиваат понуда од телвизиската куќа „TLC“ за ова шоу, кое ја прифаќаат, не препоставувајќи дека ќе стане вистински хит. Исто така, поради популарноста, „Клајнфилд“ стана и туристичка атракција, па во салонот секојдневно доаѓаат и луѓе кои немаат договорен состанок, туку сакаат само да видат како изгледа салонот каде се случува магијата.

 

-Невестите често пробуваат и купуваат фустани од дизајнерката Пина Торнеј. Таа склучи договор со салонот да продаваат колку што е можно повеќе нејзини венчаници. Исто така, таа е единствениот дизајнер што има свој бутик во рамки на „Клајнфилд“. Интересно е тоа што уште пред да почне да се разгледува идејата за шоуто, Торнеј ги понудила своите венчални колекции за продажба во салонот, но ја одбиле. Но, со започнувањето на проектот „Say Yes to the Dress“, работите се смениле, на начин што сега од „Кајнфилд“ ја побарале неа и успеала да го издејствува договорот.

 

-Кога ги пробуваат фустаните, невестите се пресоблекуваат пред нивниот консултант и камерманите, како и во собата за корекции. Токму затоа зад камерите се жени, за невестите да се чувствуваат поудобно. Секако, ниту еден кадар од нив во долна облека, не оди во јавност.

 

- Салонот не е толку голем како што изгледа на телевизија, камерите прават да изгледа многу поголем и поширок, а и начинот на функционирање не е ист. Секој состанок е ограничен на само 90 минути, во кои треба да се најде совршениот фустан, а повеќе невести истовремено се во потрага. Една девојка го сподели своето искуство од „Клајнфилд“ во „Њујорк Тајмс“, нарекувајќи го салонот „луда куќа“.

„Во исто време со мене имаше уште сигурно 20 невести што пробуваа фустани, па никогаш немате огледало само за вас, или место на платформата, туку морате да чекате да се ослободи. Сето тоа изгледа како машина која исфрла луѓе и тие постојано се менуваат“, стои во текстот во весникот.

 

-За буџеот на невестата се дискутира на време, па консултантите се трудат да се држат до договорената сума. Сепак, неретко се случува да им се понудат и да облечат фустани далеку над нивните можности, со цел шоуто да добие и бајквита нота. Една од невестите вели дека фустаните што не може да си ги дозволи биле преместени во сосема други гардеробери и магацини, каде вратите остануваат затворени и снимањето не се одвива таму. Уште еден податок во однос на ова е дека невестите немаат никаква обврска да купат било кој од фустаните што ќе ѝ бидат покажани за време на епизодата.

 

-Консултантите не се бираат по случајност. Имено, една девојка од Атланта добила консултант од сосема спротивен крај на САД, а сè со цел да се потенцира за еднаквост.

Објавено:
13 јануари 2017
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
6.534 пати