Вивиен Вествуд дизајнираше за „кул“ невести

20 февруари 2017

Познатата дизајнерка Вивиен Вествуд неодамна лансираше прва колекција венчаници со нејзин потпис.

Како вели за „Вог“, ова се фустани за невести што сакаат да бидат кул. Затоа и не не изненадува комбинација патики, односно чевли на платформа и венчаници, поинаку и не би очекувале од дизајнерката.

Сепак, колекцијата е поделена во две категории. За оние што ја сакаат екстраваганцијата е создадена haute couture линијата, додека за оние „поедноставните“ – ready to wear линијата.

Првата ќе се изработува рачно и исклучиво по нарачка и на тој начин ќе се исполнуваат сите желби на клиентите. Тие ќе можат однапред да одберат од каков материјал ќе им биде изработен фустанот, дали ќе има тантела, бисери, везови и сл.

Оние, бунтовничките пак, веруваме ќе бидат воодушевени од втората линија. Без разлика во која категорија спаѓате, во продолжение ви ги презентираме сите модели:

 

Објавено:
20 февруари 2017
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
799 пати