За идните невести трет Bridal Fashion Night во Скопје

1 февруари 2016

Идните невести што се во потрага по венчаницата од соништата ќе имаат можност на 5-ти февруари да ги видат најубавите венчални фустани во рамки на третото издание на „The Bridal Fashion Night“ во организација на „Моден викенд Скопје“.

Вечерта ќе ја отвори салонот за венчаници„Зиане“, кој по 22 години од своето работење се сели во нов салон на досегашната локација во трговскиот центар „Беверли Хилс“ во Скопје.

На вечерта посветена на венчаници, свечени тоалети и се она што е потребно за организирање на свадбениот ден, ќе ги видиме и ревиите  на домашните ателјеа за венчаници „Ал Апарел“ со најновата  колекција „Ретки бисери“ и  „Elizabet design studio“ кои од неодамна се наоѓаат во центарот на градот. 

По трет пат учествува и косовската модна куќа  „Менакон“ чии креации ги потпишува Надире Зимбери.  Од Косово премиерно ни доаѓаат дизајнерката Теута Матоши- Дурики и  ателјето „Vlora&Kaltrina fashion designers“ со колекцијата „Precious dreams“ .

Манифестацијата ќе се одржи во Македонскиот народен театар со почеток од 19 часот.

Невестите што би сакале да бидат дел од ова уживање, тоа можат да го сторат преку страната на Моден викенд Скопје, каде во порака ќе испратат име и презиме, возраст и датум на свадбениот ден .

Објавено:
1 февруари 2016
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.010 пати