Зимата е одлична за венчавка

28 ноември 2014

Зимските венчавки сами по себе се неконвенционални поради тоа што се случуваат во период кој не е својствен за свадбена прослава. За сите идни невести што планираат да се мажат  оваа зима, предлагаме избор на фотографии од кои можете да се инспирирате, посебно за детали кои асоцираат на празниците во текот на зимата.

Зимската невеста е романтична и карактеристична по крзнените детали, букетите инспирирани од Божиќ и слоевитиот тул кој потсетува на снежна прекривка. Доколку ви се допаѓа стилот од 20-тите, тогаш погледнете ги моделите на венчаници од Роланд Мурет во викторијански стил, сатенските венчаници на Александар Меквин, украсени со деликатни цветови.

Зима навистина може да ви овозможи да изгледате уникатно, а студот да не претставува никаков проблем, туку напротив мотивација да бидете поразлична од сите останати невести.

 

Доколку сакате да ја заобиколите традицијата и да се фотографирате надвор, ви предлагаме за овој повод да комбинирате нежен бел џемпер споен со волуменозно здолниште од тул.

Објавено:
28 ноември 2014
Категорија: 
Бела соба